Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Потпошан договор за партнерство меѓу RECONOMY и BIC – во име на WESTERN BALKANS STARTUP ALIANCE (WBSA)

Western Balkan Startup Alliance – WBSA во соработка со RECONOMY ќе даде поддршка на регионалниот стартап екосистем, со цел да го направи поатрактивен за инвестиции и попријатен за раст за стартапите.

Со потпишувањето на овој договор, членките на WBSA ќе имаат полесен пристап до средства, до глобалниот пазар и до партнерства со меѓународни организации и компании. Центарот за Бизнис и Иновации – BIC како еден од ко-основачите е назначен од Одборот на WBSA да дејствува во име на алијансата при потпишувањето на овој договор за партнерство.

Во моментов WBSA има 17 членки (организации за поддршка на стартапи) од сите 6 земји од Западниот Балкан, кои пак имаат портфолио од повеќе од 700 старт-ап и регионални претприемачи. Центарот за Бизнис и Иновации – BIC како еден од основачите беше назначен од Одборот на WBSA да дејствува во името на Алијансата при потпишувањето на овој Договор за партнерство.

Western Balkan Startup Alliance (WBSA) е мрежа основана од организации за поддршка на стартапи со заедничка мисија да ги зајакне екосистемите за стартап екосистемите во Западниот Балкан. WBSA има за цел да го поврзе регионот и да го искористи заедничкото знаење и искуство на овие компании како кохезивна сила за создавање нови решенија наменети за заедничките предизвици. Алијансата го користи регионот како можност да расте побрзо и притоа да развие концепт на регионализација која има за цел да ги покаже способностите на мрежата кон заинтересираните чинители, претприемачи, инвеститори и технолошката дијаспора. Ова им дава можност на членовите на WBSA да се вклучат во партнерства за побрзо да стигнат до различните регионални пазари.



RECONOMY како регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA), имплементирана од Helvetas во „Источното партнерство и земјите од Западен Балкан“ во партнерство со Help – Hilfe zur Selbsthilfe e. V. и други локални партнери.

Google+