Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Беше промовирана 20-та јубилејна генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа

Денес (08.06.2024) во присуство на голем број родители и членови на семејствата, претставници на локалната и на централната власт, амбасадори на Германија и на Кралството Холандија, академски и административен кадар, беше промовирана 20-тата јубилејна генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Во воведното обраќање, претседателот на - проф. д-р Клаус Тохтерман, рече дека оваа година се одбележува јубилејната 20-та генерација апсолвенти, што е значајна пресвртница не само во нивните животи, туку и за УЈИЕ како целина.

„УЈИЕ се гордее што нуди модерен и меѓународен пристап кон учењето, кој постојано се развива за да одговори на барањата на истражувањето и наставата. Оваа фондација е изградена врз единствена соработка меѓу Европа и САД, за што сме благодарни на нашите донатори за нивната континуирана поддршка“,истакна меѓу другото претседателот Тохтерман.

Министерот за образование и наука на Северна Македонија, Јетон Шаќири, истакна дека „Овој настан е голем успех не само за апсолвентите, туку и за вашата институција, која е лулка на квалитетни кадри, кои се сегашноста и иднината на земјава“.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети во своето обраќање ги повика апсолвентите да станат одговорни како академски граѓани во ова општество, кон себе, кон своите семејства, но и кон општеството бидејќи иднината е во нивни раце.

„Вие сте јубилејната генерација - 20-та генерација - која нумерички изнесува вкупно 30.310 студенти пријавени кумулативно, во сите три студиски циклуси вклучувајќи ги и оние кои моментално имаат статус на студент. Од нив до сега дипломирале само околу половина, поточно вкупно 16.350 студенти. Стотици професори и предавачи од земјава и од регионов како и

меѓународни професори ангажирани на шест факултети, во три центри и во три институти, со вкупно 80 студиски програми, во три циклуси, поддржани од целосни административни и логистички кадри, дадоа и продолжуваат да го даваат својот придонес за оваа заедница “ истакна меѓу другото ректорот Беџети.

„Да бидеме ние генерацијата која го менува светот со нашата работа и посветеност. Да бидеме пример дека соништата можат да се остварат со желба и решителност. А пред се, да потсетиме дека успехот не се мери само со нашите лични достигнувања, туку и со позитивното влијание што го имаме врз општеството“, рече во својот говор во името на сите апсолвенти, студентката со највисок просек Калтрина Исмали, од Факултетот за современи науки и технологии.

За уметничкиот дел годинава се погрижија познатата пејачка од Тетово Фјола Ибрахими, која е алумни на Универзитетот и пејачот Агим Пошка, кој ја изведе песната на Универзитетот „Гласот на знаењето“.

Google+