„Отворањето на овие канцеларии е врата каде што нашите студенти ќе можат да одат и да добијат различни информации и воедно ќе бидат и мост меѓу Универзитетот и оваа институција“, рече во своето обраќање советничка за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Флорие Исмаили.
„Сите граѓани од полошкиот регион наскоро ќе имаат можност да се информираат за можностите за реализација на нивните проекти преку Фондот за иновации и технолошки развој. Му благодарам на ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети за поддршката на оваа идеја, каде што тројниот хеликс ќе биде во функција на граѓаните, на академската заедница и на јавните институции“, истакна меѓу другото во воведниот говор директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили.
Тој спомена и дел од проектите поддржани од оваа дирекција а поврзани со поддршката на иновациите во наставата во форма на специјализирани лаборатории.
