Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Беџети учествува на Конференцијата за наука, образование и иновации во рамките на Берлинскиот процес

Во рамките на 10. годишнината од Берлинскиот процес, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, учествува на осмата заедничка Конференција за наука, образование, истражување и иновации, еден од главните столбови на Берлинскиот процес. Конференцијата се одржува од 30. септември до 1. октомври 2024 година во Берлин, Германија.

Главната цел на Конференцијата е создавање и зајакнување на научната и на иновативната соработка - создавање регионален простор за наука и иновации.

Ректорот Беџети во својата дискусија се фокусираше на креирањето на најефикасните политики за зголемување на условените истражувачки фондови од државниот буџет со оние на приватниот сектор и „жртвувањето“ на научните и образовните институции при распределбата на нивните буџети.

Конференцијата има за цел да подготви Заедничка декларација со низа заклучоци и препораки кои ќе бидат вклучени во десеттиот Самит на шефови на држави и влади за Западен Балкан.

Google+