Деканот на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Мерита Зулфиу- Алили им се заблагодари на сите учесници за нивниот придонес за успешно организирање на оваа конференција.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети во своето воведно обраќање посебно се заблагодари на WBF (Western Balkans Fund) за поддршката на оваа конференција, со толку важна и значајна тема за јавната администрација.
„Само што се вратив од друга конференција, која се одржа во рамките на Берлинскиот процес, како единствен претставник од Македонија, на која исто така беше обработена една многу важна тема - науката и капацитетите за наука во Западен Балкан“, рече ректорот Беџети.
Ректорот Беџети рече дека генерално постои доза на оптимизам за постигнатите резултати, но ако се осврнеме на бројките, Северна Македонија во овој поглед е на најниско ниво на инвестиции во истражувањето, придонесувајќи со 0,2% од БДП, додека самиот УЈИЕ издвои 3 % од својот буџет за истражување.
Зборувајќи за капацитетите и инвестициите во истражувањето за подобрување на актуелните состојби во јавната администрација и другите сектори, ректорот Беџети рече дека е неопходно да се инвестира во науката и реалното истражување и да се поддржат младите истражувачи.
Покрај клучниот говорник на конференцијата Ана Крстиновска, на присутните им се обрати и Јелена Мрдак, менаџер на Регионалната школа за јавна администрација.
Конференцијата продолжи со работа во сесии на кои претставници на институции кои креираат јавни политики како што се: Хасим Муртезани, заменик генерален секретар на Владата на Северна Македонија, Ментор Боровци, директор на правната канцеларија на премиерот од Косово и Ардита Дема Мехмети, заменик - директор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) на Северна Македонија презентираа трудови на одредени теми.
