Овој настан се реализира во рамки на соработката на Универзитетот на Југоисточна Европа со Westminster Foundation for Democracy и Youth Educational Forum, врз основа на потпишаниот трипартитен меморандум за соработка меѓу институциите.
Во текот на овој семестар, во рамки на програмата, проф. д-р Албана Метај-Стојанова и проф. д-р Фјола Капроли Исмаили реализираа циклус од десет менторски предавања, преку кои студентите беа обучени за форматот British Parliamentary Debate, како еден од најзначајните алати за развој на критичко размислување, јавно говорење и структурирано аргументирање.
Јавната дебата ќе се одржи на 29 јануари 2026 година, со почеток во 13:00 часот, во BDC. Универзитетот ги поканува студентите и сите заинтересирани да присуствуваат на овој академски и едукативен настан.
