Делегацијата на ИНОВА, предводена од директорката Даниела Димовска, оствари средба со ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Садудин Ибраими. На средбата се разговараше за значењето на меѓу институционалната соработка во областа на иновациите, технолошкиот развој и поддршката на претприемачкиот екосистем.
Во рамките на посетата, членовите на делегацијата одблиску се запознаа со активностите и капацитетите на Бизнис иновејшн центр (Business Innovation Center) и на Технолошкиот парк при УЈИЕ, како и со проектите и иницијативите што Универзитетот ги развива во насока на дигиталната трансформација и академските иновации.
Исто така, беше презентирана работата на Институтот „Макс ван дер Штул“ (Max van der Stoel), со посебен акцент на научно-истражувачките активности и меѓународните проекти што се реализираат во рамките на овој институт.
Посетата заврши со прошетка низ универзитетскиот кампус, при што делегацијата имаше можност одблиску да се запознае со современата инфраструктура и академската средина на УЈИЕ.
Делегација на ИНОВА го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и Технолошкиот парк
21 мај 2026Универзитетот на Југоисточна Европа беше домаќин на делегација од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), која реализираше официјална работна посета на универзитетскиот кампус и просториите на Технолошкиот парк (TechPark).
Повеќе вести
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics
- Делегација од Универзитетот Западна Каролина (САД) во посета на УЈИЕ
- Факултетот за технички науки при УЈИЕ ја отвори XII Изложба на студентски проекти во Архитектура и дизајн
- Делегација од Mid Sweden University во посета на УЈИЕ: дискутирани заеднички студиски програми и нови можности за мобилност
- Библиотеката „Макс ван дер Штул“ на Меѓународен симпозиум во Осло
- Во УЈИЕ се промовираше прекуграничниот проект -Иницијатива за зелени училишта
- Делегација од Универзитетот за применети науки и уметности на Северозападна Швајцарија (FHNW) го посети УЈИЕ