Заменик-министерот за надворешни работи на Албанија, Едит Харџи, рече дека земјите од Западен Балкан треба што е можно побргу да ги решат меѓусебните спорови и да се интегрираат во евроатланските структури. Во врска со проблемите кои ги има Македонија со Грција, заменик-министерот Харџи, рече дека придонесот кој го дава Албанија за Македонија како земја сосед.
„Нема ниту еден меѓународен форум или организација на која Албанија не го покренува прашањето за перспективите на евро-атлантските интеграции на регионот. Ова прашање е клучно за стабилизација и развој на мирот во Балканот. Едно од овие прашања е и зачленувањето на Македонија во НАТО“, рече министерката Харџи. На прашањето за ангажираноста на албанската држава за Албанците во Македонија, заменик-министерот Едит Харџи рече дека Албанија во оваа насока е многу ангажирана. „ Ако не беше така нема да присуствував и јас на оваа трибина. Но, чувствувам дека ангажирањето е многу големо, нашите срца се секогаш со вас”.
„Албанија секогаш го прави невозможното за да ги промовира прекрасните демократски вредности поврзани со Охридскиот Договор, неговото имплементирање како апсолутна гаранција за мирот и стабилноста во регионов“, рече Харџи.
Трибината беше организирана од Институтот за демократија и развој во рамките на активностите на школото за демократија и лидерство. Оваа програма преку обуки ги збира на едно место младите лидери на политичките партии.