Конференцијата беше во организација на Косовскиот центар за јавни политики.Трудот беше избран заедно со 25 други трудови од вкупно 108 трудови кои беа доставени до конференцијата На конференцијата учествуваа познати личности од академијата и политиката: проф. Џејмс Петифер од Академијата за одбрана на Велика Британија, д-р Конрад Клевинг од Институтот по студии за Југоисточна Европа, Регенсбур, Германија, д-р Фин Лаурсен од Универзитетот Далхоус од Канада, Паскал Мило, Скендер Хисени, и др.
Научните трудови ќе се објават во журналот од Кембриџ (Western Balkans Policy Review).
Исто така, д-р Илбер Села од 1-8 јули во Тирана учествуваше како предавач на Летната меѓународна школа со наслов „Албанија - Раководството на одржлив развој кон предизвици на ЕУ“ организирана од Универзитетот „Марин Барлети“ и Универзитетската мрежа на ЦЕИ.
За време на престојот во Тирана тој учествуваше и на регионалната конференција со наслов „Може ли Албанија да се трансформира во модел за одржлив развој?“на која се претстави со научниот труд „ Регионалните политики и пошироката соработка како средство за обезбедување одржлив развој на Балканот“