„Ова е најубавиот Универзитетски кампус, не само во Македонија туку и во регионов и пошироко“, рече министерот за информатика на Република Македонија Иво Ивановски. Ова беа коментарите кои тој ги даде за време на церемонијата за доделување на 34 сертификати за специјалистичка обука по е-банкарство за студентите од Факултетот за современи науки и технологии, која се одржа во средата (20 октомври 2010 год.). Церемонијата беше организирана од водечката компанија за информациски и комуникациски технологии - ASSECO во соработка со ЈИЕ Универзитетот.
Министерот Ивановски рече дека овој Универзитет претставува пример за достигнување на европските стандарди. Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Замир Дика, рече дека овој настан го претставува триаголникот за соработка помеѓу Универзитетот, приватниот и јавниот сектор.
„Овие сертификати нашите студенти ќе ги употребуваат за време на нивното вработување“, рече ректорот Дика.
Деканот на Факултетот за современи науки и технологии проф. д-р Беким Фетаји и директорот на компанијата ASSECO за Македонија Славчо Ангелковски им доделија сертификати на студентите.
Ректорот на ЈИЕУ проф. д-р Замир Дика и министерот Ивановски после церемонијата имаа прошетка по Универзитетскиот Кампус со цел подетално да се запознаат со работата на оваа позната високообразовна институција.
Компанијата ASSECO додели 34 сертификати за студентите на Факултетот за современи науки и технологии
25 октомври 2010

Повеќе вести
- Една магистерска програма, два универзитета, поголеми можности: УЈИЕ воведува нова студиска програма по компјутерски науки
- Универзитетот на Југоисточна Европа на Конференцијата на Берлинскиот процес во Подгорица
- Делегација на УЈИЕ учествуваше на Форумот на ЕУА за финансирање на универзитетите 2026 во Брно, Чешка
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ
- Француската алијанса во Тетово одбележа 25 години постоење во УЈИЕ