Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа конференцијата за улогата на граѓанското општество во волонтерската работа

Конференцијата „Улогата на граѓанското општество во волонтерската работа за развој на демократско и партиципативно општество“ која се организираше во Кампусот на УЈИЕ ги собра заедно говорниците/панелистите од областа на граѓанското општество и универзитетските професори од Македонија и од надвор.

Конференцијата се одржа на 30 јуни 2011 година со почеток во 12:00 часот во амфитеатарот ЛХ 3 во кампусот на ЈИЕУ во Тетово и беше организирана од Институтот за демократија и развој во соработка со Амбасадата на САД, Амбасадата на Кралството Норвешка во Скопје и Катедрата за комуникациски науки на УЈИЕ.

На конференцијата следниве говорници ги презентираа нивните говори: Брајан Бауер (Аташе за образование и култура во Амбасадата на САД во Скопје); Херман Башкар (Заменик-Амбасадор на Амбасадата на Кралството Норвешка во Скопје); Ендру Гудспид (Декан на Факултетот за јазици, култури и комуникација); Ветон Љатифи (Претседател на Институтот за демократија и развој); Џозеф Коелхо (Универзитет Ситон Хил, Гринсбург, САД); Гордана Ицевска (Колеџ Џорџ Браун, Торонто, Канада); Демуш Бајрами (Советник за комуникации на Ректорот на УЈИЕ); Даниела Стојанова (МЦМС); Хасан Јашари (УЈИЕ), итн.

Google+