По овој повод, амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Арбен Чејку, упати писмо до ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, со кое му честита за рангирањето.„Веста дека Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) е рангиран на второто место на ранг-листата на универзитетите во Република Македонија претставува момент на радост и инспирација не само за вас, професорите и студентите, туку и за пријателите на вашиот Универзитет. Оваа оцена е најдобриот подарок од овој Универзитетет за сите нас по повод 100-годишнината од Независноста на Албанија и за евроатлантските аспирации на Република Македонија“, се вели во писмотот на амбасадорот Чејку.Во писмото, понатаму се нагласува дека овој успех ќе го мотивира УЈИЕ да продолжи да оди понатаму за да може да се соочи со новите предизвици за да постигне понатамошни успеси за институционалното зајакнување и за кредибилитетот.„Верувам дека внатрешните реформи и соработката што ја имате со другите универзитети во Македонија, Албанија, Косово, регионот и пошироко и во иднина ќе носат успеси. Во овој контекст, ви потврдуваам дека поддршката на Албанија нема да недостасува и сакам да изразам задоволство за новиот дух на соработка меѓу универзитетите во Република Македонија и Република Албанија", се вели меѓу другото во писмото на амбасадорот на Албанија, Арбен Чејку.Ректорот на ЈИЕУ, проф. д-р Замир Дика, му се заблагодари на амбасадорот Чејку за поддршката.„Во мое име, во име на вработените и на студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа, ви благодарам и вам и на албанската држава за безрезервната поддршка на нашето патување кон квалитетното образование за младата генерација. Оваа поддршка нѐ прави горди за да продолжиме со нашите идни напори за зачувување и култивирање на веќе очигледните резултати ", се вели меѓудругото во благодарноста на ректорот Дика испратена до амбасадорот на Албанија во Македонија, Арбен Чејку.
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Арбен Чејку, му честита на Универзитетот на ЈИЕ за рангирањето
27 февруари 2012По објавувањето на ранг-листата на универзитетите во Република Македонија, од Универзитетот во Шангај, на која Универзитетот на Југоисточна Европа е рангиран на второто место, до раководството на Универзитетот сѐ уште пристигнуваат честитки и поддршка од различни институции и од поединци.
Повеќе вести
- Една магистерска програма, два универзитета, поголеми можности: УЈИЕ воведува нова студиска програма по компјутерски науки
- Универзитетот на Југоисточна Европа на Конференцијата на Берлинскиот процес во Подгорица
- Делегација на УЈИЕ учествуваше на Форумот на ЕУА за финансирање на универзитетите 2026 во Брно, Чешка
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ
- Француската алијанса во Тетово одбележа 25 години постоење во УЈИЕ