Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Тимот во футсал на УЈИЕ учествуваше во меѓународниот шампионат во Косово

Под покровителство на Владата на Р. Македонија и во организација на фудбласката федерација на Косово на 03.04 и 05 март 2013 година се одржа меѓународниот натпревар во футсал „Купот Адем Јашари“ на кој учествуваа репрезентации од Косово, вториот пласиран тим од Чешката Република „Бенаго“, тимот од Хрватска „Порто“ и тимот на УЈИЕ „Универзитет на ЈИЕ“.

„Ние бевме почестени да учествуваме на овој меѓународен престижен натпревар;

организацијата и гостопримливоста беа на највиско ниво. Нашиот тим со една победа и еден загубен натпревар го освои третото место, рече Африм Јонузи, тренерот на тимот на УЈИЕ.

Вреди да се напомене дека нашиот тим достоинствено го претставуваше УЈИЕ, со извонредната игра , која беше проследена со аплауз од публиката во спортската сала „Риниа“ во Приштина.

Google+