Состанокот го отвори ректорот на УЈИЕ; проф. д-р Замир Дика кој рече „Тековно во овој период ние сме фокусирани на координација на применето истражување со поголем број претприемнички иницијативи за да помогнеме на економскиот и технолошкиот развој во регионов, да помогнеме на компаниите и воопшто на општеството во кое што живееме.“
Ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика меѓу другото рече „вашиот универзитет е универзитет на персонализирани сервиси со апликации на информациски системи за управување на предавањето и на учењето со цел да понуди адекватни сервиси базирани на веб, како и ефективно донесување на одлуки.
Поранешните дипломци ги поздрави провостот проф.д-р Ендру Гудспид кој рече дека е задоволен од покажаниот интерес. Тој рече дека ваквите состаноци ги поврзуваат студентите и помагаат во размена на искуствата .
На состанокот беше присутен деканот на факултетот за бизнис и економија проф.д-р Неџби Весели и деканот на факултетот за современи науки и технологии, проф.д-р Бетим Чичо.
„Дипломците се гранките на Универзитетот и знаеме дека овие гранки имаат плодови кои во случајов се вашите ангажирања во познатите компании и институции во Косово“ рече деканот Бетим Чичо.
Состанокот со поранешните студенти од Косово стана традиција и се очекува наскоро да се создаде асоцијација која ќе ги спои сите поранешни студенти од Косово.
