Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази, рече дека од голема важност за нашиот универзитет се примарните податоци кои се добиваат од анкетите извршени на национално ниво, затоа што тие претставуваат важен извор за истражување и подготовка на научни проекти, но и за магистерски и докторски дисертации за нашите студенти од вториот и третиот циклус на студии и во исто време претставува голема можност за зајакнување на истражувачкиот капацитет на Универзитетот "Многу сум задоволна што денеска се наоѓам во ЈИЕУ, бидејќи ова е вистинско место за презентација на овој проект", рече Марија Луиза Силва Меијас, постојан претставник на УНДП во Македонија. Според извештајот, нискиот животен стандард е причина македонските граѓани да се чувствуваат најнесреќни во регионов во однос на квалитетот на животот.
Презентацијата на истиот проект беше реализирана и во Скопје, каде присуствуваше и ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази.