Учесници од 25 земји од 5 континенти дискутираа за различни теми за институционлна автономија и за улогата на факултетите и на деканите во „Универзитетот на иднината“ . УЈИЕ беше единствен универзитет од регионов кој што беше поканет на конференцијата, претставуван од претседателот на Одборот, проф.д-р Денис Фарингтон. Меѓу темите кои се дискутираа беа управувањето, дизајнирањето на наставните програми, обезбедувањето квалитет како и новите форми на интегрирани студиски програми кои се реализираат во Германија, а кои наскоро ќе се усвојат и од УЈИЕ. Бидејќи овие програми се дел од општиот тренд и имаат за цел поблиска соработка меѓу универзитетите, индустријата и трговијата тие можат да се користат како студии на случај во истражувањето и идните модели за функционирање на високото образование. Тековно тие се многу успешни бидејќи на младите им обезбедуваат вработување и им помагаат на партнерите од приватниот сектор. Резултатите од конференцијата ќе се издадат и ќе се достават до релевантните меѓународни стејкхолдери.
Претседателот на Одборот проф.д-р Денис Фарингтон присуствуваше на меѓународна конференција за менаџмент и управување на универзитети
5 јули 2013„Само иновација“ беше темата на академската конференција за внатрешно универзитетско управување и менаџмент која се одржа во Универзитетот Сарланд во Германија , од 26-28 јуни поддржана од германската влада и ДААД.
Повеќе вести
- УЈИЕ ја промовираше сопствената платформа за вештачка интелигенција AI@SEEU
- Делегација на ИНОВА го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и Технолошкиот парк
- УЈИЕ се потврдува како највисоко оценет универзитет во Северна Македонија во Times Higher Education Impact Rankings 2025
- Правниот факултет на УЈИЕ меѓу топ трите најдобри тимови на сеалбанскиот натпревар за симулирано судење во Тирана
- Американскиот професор Џим Лофтон во посета на УЈИЕ
- УЈИЕ учествуваше на Првата годишна конференција на Алијансата ChallengeEU во Полска: „Поврзување на регионите - Поврзување на универзитетите“
- УЈИЕ организираше презентација за можностите за кариера во НАТО