Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Севил Реџепи и Мерита Зулфиу учествуваа на меѓународната конференција во Турција

"Директни странски инвестиции и одржливиот развој на економиите во транзиција - случајот на Република Македонија" беше темата на научниот труд кој Севил Реџепи и Мерита Зулфиу го презентираа на меѓународната конференција, која се одржа од 6-9 април 2009 година во Анталија, Турција. Конференцијата беше организирана од Факултетот за политички науки на Универзитетот на Анкара, Варвик Универзитетот и Новиот универзитет на Бакс од Велика Британија.

Главната тема на конференцијата беше "Пазар, маркетинг и претприемништво: создавање и достигнување вредности во 21иот век ".

Конференцијата беше спонзоризирана од ЕУ, Генералниот секретаријат на ЕУ и Проектот за промоција на општествениот дијалог помеѓу ЕУ и Турција.

Google+