Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Дебата на Интеруниверзитетската конференција за практичната работа на универзитетите во Македонија

„Практична настава на универзитетите во Македонија“ беше темата на Интеруниверзитетската конференција во Република Македонија, која се одржа во вторникот, на 29 октомври, во Скопје.

Во рамките на оваа Конференција се дискутираше за практичната настава на универзитетите, имплементирана не само во процедурална форма туку и во однос на квалитетот, затоа што таа е најважната врска меѓу теоријата и практиката, т.е универзитетите и пазарот на трудот.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф. д-р Замир Дика, на Конференцијата го презентираше искуството на УЈИЕ во реализацијата на практичната настава.

„Универзитетот на Југоисточна Европа започна со имплементацијата на практичната настава во почетната фаза. Центарот за кариера при Универзитетот на ЈИЕ има солидна мрежа на комуникација со приватниот и со јавниот сектор, притоа обезбедувајќи поддршка и советување за студентите во текот на процесот за практична настава. Дел од оваа поддршка се и договорите за соработка кои беа потпишани со познатиприватни компании и со државни институции, а со цел студентите да имаат полесен пристап за да изведуваат задолжителна практична настава“, рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика.

Според него, во споредба со другите универзитети во регионов, УЈИЕ рано ги идентификуваше потребите на пазарот на трудот и во оваа насока разви и интегрирани студиски програми кои на студентите им овозможуваат 50% ангажман на универзитетот и 50% во компанијата. Притоа, поголеми се шансите за вработување во истата компанија.

Заедничкиот заклучок од овој состанок беше дека на следниот состанок треба да се свикаат претставници од деловната заедница и од стопанските комори поради нивниот зголемен интерес за упис на студенти во практичната настава. Најголема корист по завршувањето на овој процес ќе имаат компаниите.

Google+