Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Граѓанско право (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-MLAWCIV120C
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по правни науки / Насока: Граѓанско право
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската програма по Граѓанско право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на граѓанско-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на граѓанското право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на граѓанското право на РСМ, како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.

Дипломата на Правниот факултет е признаена од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РСМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судството и јавното обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии). 

Знаење и разбирање
  • Има детални сознанија за граѓанското право, како материјално така и процедуралното право, како и за основните норми во клучните области на граѓанското право.
  • Има детални знаења за принципите и институти на граѓанското право, вклучувајќи ги и нивното потекло и нивната содржина.
  • Процена на области на граѓанското право на критичен, научен и на практичен аспект.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Развива и унапредува аналитички и истражувачки способности на изборот на проблеми во теорија и во практика преку употребата на законските акти и судската практика.
  • Идентификува и анализира најкомплексни проблеми, земајќи активно учество во сите фази на граѓанската постапка и може да толкува комплексно прашање од граѓанското законодавство (вклучувајќи работа како судија, адвокат, нотар), откако ќе стекне квалификации кои се потребни според законодавството на РСМ.
Способност за проценка
  • Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
  • Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јурисдикција.
Комуникациски вештини
  • Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на граѓанско-правните науки.
  • Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во сите фази на граѓанско-судската постапка.
  • Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
  • Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
  • Развива правилник за истражувачкаработа кој се употребува во неговата професија.
  • Развива практика на доживотно  учење ангажирајќи се при обука налица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [MCL-0102] [6 ЕКТС] Граѓанско право (применета програма)
    Оваа наставна програма има за цел студентите да се стекнат со способност практично да ги аплицираат своите знаења од областа на граѓанското право, способност што мора да ја поседува секој правник. Во делот на Граѓанско право - од студентот се очекува пред сѐ да ја совлада техниката на правилна примена на законските прописи (читање и толкување на законските норми). Исто така, од студентот се очекува да ја совлада техниката на изработка на: правни дела (договор, тестамент), изработка на најразлични видови на поднесоци (тужби, жалби, приговори, барања) како и изработка на акти на судските органи (пресуди, решенија) и други акти на органите на управата (решенија, договори) со кои настануваат, се менуваат и престануваат граѓанско-правните односи. Покрај ова, предметната програма има за дел да им овозможи на студентите да се запознаат со реализација на институтите на граѓанското право (општиот дел, стварното, облигационото и наследното право) во практиката. Со совладувањето на оваа материја се очекува од студентот да се стекне со способност своите теоретски познавања на материјата на граѓанското право да ги искористи при решавање на практични случаи.
  • [MCL-0101] [6 ЕКТС] Стварно право (примената програма)
    Целта на овој предмет е студентите да се стекнат со: - Способност практично да ги аплицираат своите знаења од областа на стварното право, способност што мора да ја поседува секој правник. - Теоретски и практични познавања од областа на стварното право како доста значајна и актуелна сфера во правниот систем на РСМ. - Сознанија за системот на стварното право и правната регулатива од оваа област. - Способност да ја совладаa техниката на правилна примена на законските прописи (читање, толкување и аплицирање на законските норми на конкретни случаи) од областа на стварното право. - Детално познавање со стварно-правните институти во правниот систем на РСМ.
  • [CM160] [6 ЕКТС] Облигационо право (применета програма)
    Целта на предметот е студентите да ги добијат основните знаења од облигационото право, потребни за склучување на облигационо-правен однос; студентите да ги добијат основните знаења за начинот на склучување на договори и применување на истите во облигационо правните институти. Преку учењето на овој предмет студентите ќе се оспособат да склучуваат одредени договори како извори во облигационото право и ќе бидат во можност да разликуваат за каква одговорност се работи, кој треба да одговара и под кој услови.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM517] Трудово право (применета програма)
    • [??518] Новите репродуктивни технологии и родителско право
    • [??519] Споредбено родителско право
    • [EMCL-02] Современите имотно правните односи на брачните другари
    • [EMCL0030] Право на интелектуална сопственост
    • [EMCL1010] Право на осигурување
    • [EM522] Стечајно право
    • [EM520] Граѓанско-правна одговорност за причинување на штета
    • [EM521] Договорно Право
    • [EM523] Право на заштита на портошувачи
    • [EM525] Алтернативно решавање на спорови
    • [MCCL2023] Споредбено граѓанско право
    • [MCL-0203] Современо семејно право
    • [EM526] Земјишно право
    • [EM527] Запишување права на недвижности
    • [EM528] Родова еднаквост и недискриминација
    • [EMCL-07] Нотарско Право
    • [EMCL05] Правна клиника - граѓанско право
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM517] Трудово право (применета програма)
    • [EM518] Новите репродуктивни технологии и родителско право
    • [EM519] Споредбено родителско право
    • [EMCL-02] Современите имотно правните односи на брачните другари
    • [EMCL0030] Право на интелектуална сопственост
    • [EMCL1010] Право на осигурување
    • [EM522] Стечајно право
    • [EM520] Граѓанско-правна одговорност за причинување на штета
    • [EM521] Договорно Право
    • [EM523] Право на заштита на портошувачи
    • [EM525] Алтернативно решавање на спорови
    • [MCCL2023] Споредбено граѓанско право
    • [MCL-0203] Современо семејно право
    • [EM526] Земјишно право
    • [EM527] Запишување права на недвижности
    • [EM528] Родова еднаквост и недискриминација
    • [EMCL-07] Нотарско Право
    • [EMCL05] Правна клиника - граѓанско право

Семестар 2

  • [CM161] [6 ЕКТС] Трговско право (применета програма)
    Цели на предметот: Да им овозможи на студентите да се запознаат со правните правила за извршување на некоја дејност. Начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и трговецот поединец како и начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање на некој деловно правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштита на правата на индустриска сопственост, начините на заштитување на деловните субјекти од нелојалната конкуренција, начините на заштита на потрошувачите, и др.
  • [CM162] [6 ЕКТС] Семејно право (применета програма)
    Во рамките на овој предмет студентите ќе се здобијат со знаења за современите форми на семејните односи, национално и меѓународно регулирање на овие односи, новите механизми за алтернативно решавање на семејно-правните спорови – семејна медијација, новите институти на семејно право (Новите репродуктивни технологии и нивното влијание врз семејството: Вештачка инсеминација, Ин витро оплодувањето, сурогат мајчинство, „Техника на раѓање на дете од тројца“, Кородителски аранжмани, Раѓањето на деца од сама жена со донација на генетскиот материјал, Постхумна репродукција; Институтот на заедничко родителство по развод на бракот; Брачен договор; Правен статус на семејниот дом (брачен дом). Студентите во овој предмет исто така ќе ги изучуваат и реформите во семејното законодавство на Република Северна Македонија.
  • [MCL-0202] [6 ЕКТС] Парнично право
    Преку оваа предметна програма студентите: - Стекнуваат соодветни теоретски знаења од парничното право, како позитивна гранка на правото и науката. - Стекнуваат теоретски знаења за клучните концепти и институции на парничното право, како што е поимот на парничната постапка, начелата на парничнaтa постапка, субјектите на парничната постапка, доказни средства, судски рочишта, процесни дејствија и рокови за нивното извршување, судски одлуки, правни средства против одлуките, посебни постапки, итн.. - Се запознаваат со корпусот на прашања и проблеми поврзани со концептот на парничното право, како и со патот на историскиот развој на институциите на парничното право. - Имаат можност да се запознаат и да ги анализираат главните институти на парничното право во контекст на законските и на теоретските референци од Европа и пошироко; - Се поттикнуваат на аналитичко и критичко размислување за проблемите со кои се соочува парничното право на РСМ денес .
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM517] Трудово право (применета програма)
    • [??518] Новите репродуктивни технологии и родителско право
    • [??519] Споредбено родителско право
    • [EMCL-02] Современите имотно правните односи на брачните другари
    • [EMCL0030] Право на интелектуална сопственост
    • [EMCL1010] Право на осигурување
    • [EM522] Стечајно право
    • [EM520] Граѓанско-правна одговорност за причинување на штета
    • [EM521] Договорно Право
    • [EM523] Право на заштита на портошувачи
    • [EM525] Алтернативно решавање на спорови
    • [MCCL2023] Споредбено граѓанско право
    • [MCL-0203] Современо семејно право
    • [EM526] Земјишно право
    • [EM527] Запишување права на недвижности
    • [EM528] Родова еднаквост и недискриминација
    • [EMCL-07] Нотарско Право
    • [EMCL05] Правна клиника - граѓанско право
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM517] Трудово право (применета програма)
    • [??518] Новите репродуктивни технологии и родителско право
    • [??519] Споредбено родителско право
    • [EMCL-02] Современите имотно правните односи на брачните другари
    • [EMCL0030] Право на интелектуална сопственост
    • [EMCL1010] Право на осигурување
    • [EM522] Стечајно право
    • [EM520] Граѓанско-правна одговорност за причинување на штета
    • [EM521] Договорно Право
    • [EM523] Право на заштита на портошувачи
    • [EM525] Алтернативно решавање на спорови
    • [MCCL2023] Споредбено граѓанско право
    • [MCL-0203] Современо семејно право
    • [EM526] Земјишно право
    • [EM527] Запишување права на недвижности
    • [EM528] Родова еднаквост и недискриминација
    • [EMCL-07] Нотарско Право
    • [EMCL05] Правна клиника - граѓанско право

Семестар 3

  • [MCCR1120] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Студентите ќе бидат во можност: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
  • [MCL-0301] [6 ЕКТС] Судир на законите
    Во рамките на овој предмет ќе се изучуваат општите институции, поимот и односите во сферата на судирот на законите.
  • [CM163] [6 ЕКТС] Наследно право (применета програма)
    Во овој предмет студентите ќе се здобијат со знаења за најзначајните карактеристики на наследно-правните системи во Европа и другите држави во светот, со посебен осврт на наследувањето и наследното право во Република Северна Македонија. Студентите ќе имаат прилика да се запознаат и со процедурата на преминување на наследувањето врз наследниците, со техниката на извршување на распределба на оставина преку наследните редови. Од овој предмет се очекува студентите на научат како да ги толкуваат одредбите на Законот за наследување на РСМ.
  • [EMCL-04] [6 ЕКТС] Вонпарнично и извршно право
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со: - правилата на постапката според кои судовите постапуваат и одлучуваат за личните, семејните, имотните и другите правни состојби и односи; - субјектите кои имаат својство на учесник во вонпарнична постапката, со спроведувањето на постапката, со одлуките - решениjата кои се донесуваат во вонпарничната постапка, со правните лекови итн.; - правилата според кои извршителите постапуваат заради присилно извршување на судска одлука која гласи на исполнување на обврска, - присилно извршување на одлука донесена во управна постапка која гласи на исполнување на парична обврска; - присилно извршување на нотарски исправи и други извршни исправи предвидени со закон на извршување на брод и на воздухоплов; - субјектите на извршувањето, основата за извршување, предметот на присилното извршување.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM517] Трудово право (применета програма)
    • [??518] Новите репродуктивни технологии и родителско право
    • [??519] Споредбено родителско право
    • [EMCL-02] Современите имотно правните односи на брачните другари
    • [EMCL0030] Право на интелектуална сопственост
    • [EMCL1010] Право на осигурување
    • [EM522] Стечајно право
    • [EM520] Граѓанско-правна одговорност за причинување на штета
    • [EM521] Договорно Право
    • [EM523] Право на заштита на портошувачи
    • [EM525] Алтернативно решавање на спорови
    • [MCCL2023] Споредбено граѓанско право
    • [MCL-0203] Современо семејно право
    • [EM526] Земјишно право
    • [EM527] Запишување права на недвижности
    • [EM528] Родова еднаквост и недискриминација
    • [EMCL-07] Нотарско Право
    • [EMCL05] Правна клиника - граѓанско право

Семестар 4

  • [MCCL4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+