Камп за учење англиски беше одржан во УЈИЕ Скопје од 23 до 27 јуни, организиран од страна на Јазичниот центар, УЈИЕ Скопје и координиран од американскиот професор Рејчел Нил, од Универзитетот Веслијан Индијана. Кампот претставуваше извонредна можност за нашите студенти да ги практикуваат своите англиски вештини во интеракција со Американци, како и да се запознаат и стекнат нови пријателства со своите американски колеги. Тие работеа во групи за да креираат краток видео проект наречен „Премиера“ кој беше презентиран на последниот ден. Прекрасно беше да се види како младите луѓе создадоја нешто вредно за самите нив, нешто за кое беа многу горди откако заврши кампот. За време на часовите, студентите учеа како да бараат работа, како да пишуваат резиме, како да се спремат за интервју, симулираа различни ситуации поврзани со патување и слично. Исто така посетија и ресторан, каде што вежбаа ситуации во врска со нарачка на храна и поплаки и на крајот направија филм кој беше проектиран во амфитеатарот во Скопје. Камп од овој вид се организира на УЈИЕ за прв пат, но ваквата интерактивна и интеркултурна практика ќе продолжи и во иднина.
Во УЈИЕ-Скопје се одржа камп за учење англиски јазик
8 јули 2014Во УЈИЕ-Скопје се одржа камп за учење англиски јазик
Повеќе вести
- Една магистерска програма, два универзитета, поголеми можности: УЈИЕ воведува нова студиска програма по компјутерски науки
- Универзитетот на Југоисточна Европа на Конференцијата на Берлинскиот процес во Подгорица
- Делегација на УЈИЕ учествуваше на Форумот на ЕУА за финансирање на универзитетите 2026 во Брно, Чешка
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ
- Француската алијанса во Тетово одбележа 25 години постоење во УЈИЕ