Амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, г. Чарлс Гарет го посети УЈИЕ во Тетово за прв пат на 12 септември. Тој оствари средба со претседателот на Одборот на Универзитетот (проф.д-р Денис Фарингтон), провостот (проф.д-р Ендру Гудспид), ген.секретар (г. Џеваир Мемеди) и извршниот советник за изведба и квалитет (г-ѓа Хедер Хеншоу). По дискусиите за историјата и за продолжување на мисијата на УЈИЕ и за можностите Универзитетот да оствари поблиски врски со универзитетите во Обединетото Кралство, Амбасадорот го разгледа Кампусот и објектот за одржлива енергија, фотоволтаичната постројка и новата постројка за греење на биомаса и ја посети библиотеката на Универзитетот.
Амбасадорот на Обединетото Кралство го посети УЈИЕ
15 септември 2014Амбасадорот на Обединетото Кралство го посети УЈИЕ
Повеќе вести
- Една магистерска програма, два универзитета, поголеми можности: УЈИЕ воведува нова студиска програма по компјутерски науки
- Универзитетот на Југоисточна Европа на Конференцијата на Берлинскиот процес во Подгорица
- Делегација на УЈИЕ учествуваше на Форумот на ЕУА за финансирање на универзитетите 2026 во Брно, Чешка
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ
- Француската алијанса во Тетово одбележа 25 години постоење во УЈИЕ