„Иако кризата со бегалците е резултат на меѓународниот конфликт во регионот на Среден исток таа ја активираше европската свесност и веднаш потоа оваа криза ги присили различните држави да ја следат германската политика на „Отворени врати“. Иако оваа политика не беше секогаш разбрана од одредени влади, таа секако ги поттикна и забрза дипломатските делувања за поефикасно управување на оваа криза“, рече ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика. Тој додаде дека постои мотивација и чувство на солидарност тука кое е резултат на нашата традиција на гостопримство, кога ние како нација бевме обврзани да ги прифатиме бегалците од другите делови на регионов.
Полскиот амбасадор во Македонија рече дека е задоволен од соработката на оваа Амбасада со Универзитетот за што сведочи и оваа конференција и други активности кои се очекува да се организираат во иднина.
Директорот на Институтот „Макс ван дер Штул“ проф. д-р Ветон Латифи рече дека не случајно ја избрал оваа тема и дека ја имаат земено предвид релевантноста и обемот со кој оваа криза влијае врз целокупниот развој на регионов и пошироко.
На конференцијата присуствуваа истражувачи и експерти од оваа област, имено Адам Балчер од Полска, Сузана Салиу (Центар за управување со кризи), Грида Дума (Универзитет во Тирана) , Бернд Бурвиц( ГИЗ) и професори од УЈИЕ, Универзитетот во Тирана и Универзитетот „св. Кирил и Методиј“.
УЈИЕ организираше конференција за кризата со бегалците
19 мај 2016„Кризата со бегалците и хуманитарните и политички импликации на Балканот“ беше темата на третата годишна конференција организирана од Институтот „Макс ван дер Штул“ во соработка со амбасадата на Полска. Конференцијата се одржа во вторник (17 мај 2016) на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово.
Повеќе вести
- Холандската амбасадорка во Северна Македонија, Озлем Џанел, одржа предавање на УЈИЕ на тема „Каков вид иднина сакате?“
- Една магистерска програма, два универзитета, поголеми можности: УЈИЕ воведува нова студиска програма по компјутерски науки
- Универзитетот на Југоисточна Европа на Конференцијата на Берлинскиот процес во Подгорица
- Делегација на УЈИЕ учествуваше на Форумот на ЕУА за финансирање на универзитетите 2026 во Брно, Чешка
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ