Ректорот Алајдин Абази го промовира ЈИЕУ во Јапонија
20 октомври 2009
Универзитетот на Југоисточна Европа ја започна соработката со Универзитетот на Токио за тeхнологија и агрокултура. За оваа цел, ректорот на ЈИЕУ академик Алајдин Абази и проректорот Муртезан Исмаили престојуваат во Токио, Јапонија каде ги започнаа преговорите со нивните хомолози за склучување на соработка ЈИЕУ и Универзитетот на Токио.
Соработката се очекува да се фокусира во сферата на наставата и се очекува професорите од овој универзитет да доаѓаат да предаваат во ЈИЕУ. Од првичните контакти е разговарано за проширување на соработката и во другите сфери и тоа во заеднички истражувачки проекти. Оваа иницијатива е многу значајна бидејќи овозможува размена на искуства со други познати универзитети од кои нашите студенти ќе имаат добивка.
Исто така ректорот и проректорот на ЈИЕУ ќе учествуваат со научни рецензирани трудови на Меѓународната конференција на Азија за настава, која ќе се одржи во ОСАКА, Јапонија. Конференцијата е организирана од форумот и Академијата на науки и уметности на Јапонија спонзорирана од голем број познати светски асоцијации и универзитети.
На истата конференција, ректорот на ЈИЕУ е избран да ја води конференцијата на сесијата со наслов: „Заедници, култури и глобализација“. Ова за нашиот универзитет претставува меѓународно признавање на искуството и експертизата во оваа сфера.
Повеќе вести
- Една магистерска програма, два универзитета, поголеми можности: УЈИЕ воведува нова студиска програма по компјутерски науки
- Универзитетот на Југоисточна Европа на Конференцијата на Берлинскиот процес во Подгорица
- Делегација на УЈИЕ учествуваше на Форумот на ЕУА за финансирање на универзитетите 2026 во Брно, Чешка
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ
- Француската алијанса во Тетово одбележа 25 години постоење во УЈИЕ