Доделени сертификатите за курсот по "Лидерство и младинска работа во заедницата"
1 декември 2009
Во среда (15 ноември 2009), Факултетот за Јавна Администрација и Политички Науки (ФЈАПН), на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), ги додели сертификатите за програмата "Лидерство и младинска работа во заедницата", како едногодишна сертифицирана програма (Ниво А, прв семестар - 30 ЕКТС и нивото Б / втор семестар - 30 ЕКТС), која се реализира од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа во соработка со Институтот за образование и комуникација на Универзитетот Joncheping (HLK), Шведска и Центарот за неформално образование "Триаголник", Македонија.
Треба да се напомене дека програмата на овој курс е развиена користејќи ги позитивните искуства и примери во образованието и обуката на младинските работници во Шведска и Велика Британија адаптирана на локалните потреби. Сите оние кои учествуваа на овој курс, се оценуваа за вештините и знаењето стекнати за работа со млади луѓе.
За време на доделувањето на сертификатите, продеканот за вториот циклус на студии (магистерски), во ФЈАПН, проф. д-р Јонуз Абдулаи рече дека овие луѓе сега се подготвени да се соочат со предизвиците на професијата младински работник во заедницата. Според него ова значи дека "сега ние имаме работа со подготвени, обучени и способни луѓе за работа во оваа заедница".
На церемонијата на доделувањето на сертификатите присуствуваше и Деканот на ФЈАПН, проф. д-р Етем Азири, извршниот директор на Центарот за неформално образование "Триаголник", Жарко Трајков и претставникот на невладината организација од Република Косово, која е вклучена во координирањето на овој курс од TEMPUS проектот.
Повеќе вести
- Една магистерска програма, два универзитета, поголеми можности: УЈИЕ воведува нова студиска програма по компјутерски науки
- Универзитетот на Југоисточна Европа на Конференцијата на Берлинскиот процес во Подгорица
- Делегација на УЈИЕ учествуваше на Форумот на ЕУА за финансирање на универзитетите 2026 во Брно, Чешка
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ
- Француската алијанса во Тетово одбележа 25 години постоење во УЈИЕ