COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа конференција за животна средина – промовирање на студиската програма 3Е Енергија, економија и екологија

Енергија, економија и екологија, беше темата на конференцијата, што се одржа денес (9. јуни 2021 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Факултетот за бизнис и економија, на која се промовираше и студиската програма „Енергија, економија и екологија".

На конференцијата говорници беа: акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, деканката на ФБЕ, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, политичкиот и економски службеник во амбасадата на САД во Скопје, Ендру Мофат, претставник на МАНУ, Александар Дединец и државниот советник за климатски промени, Теодора Обрадовиќ Грнчаровска.

Конференцијата ја отвори деканката на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази. Таа им се заблагодари на учесниците, особено на учесниците на конференцијата за нивниот придонес. Таа даде осврт во врска со т.н. програма 3Е, односно Енергија, економија и екологија и наведе бројни детали во однос на студиската програма што ќе се понуди во новата академска година.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, рече дека идејата за промоција и активностите за заштита на животната средина на универзитетот се започнати многу порано, од 2008 година, кога беше одобрен Климатскиот акционен план. Повеќето од активностите што ги спроведуваме денес се предвидени во овој план.

Ректорот Беџети им се заблагодари на претставниците на Амбасадата на САД, на Академијата на науките и на министерот Нуредини, за поддршката и соработката во сите фази на подготовка и испорака на оваа студиска програма.

„Идејата беше на конференција да се соберат на едно место креаторите на политики, дипломатите, претставниците од науката и сите други кои се вклучени во оваа соработка за да разговараат за идните чекори и пошироката промоција на студиската програма. Нашата цел е конкретно да придонесеме за различните општествени процеси на локално ниво, но и на глобално ниво. Студиската програма претставува мултидисциплинарна и меѓуинституционална синергија и во овој поглед веруваме дека ќе создадеме добра основа за човечки капитал“, истакна во своето излагање ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини презентираше во врска со законодавството за животна средина и чекорите што Владата ги презема за заштита на животната средина.

„Овој процес е многу важен, бидејќи ние како Влада можеме да донесеме многу закони, но нивното спроведување наидува на конкретни тешкотии на терен. Сите веруваме во зелената агенда и за ова има многу финансии, но потребен ни е квалификуван кадар. Јас сум многу задоволен од оваа соработка, која на УЈИЕ започнува во вистинското време.“, рече меѓу другото министерот за животна средина и просторно планирање, Нуредини.

Службеникот за политички и економски прашања во Амбасадата на САД, ги презентираше глобалните климатски преговори, историјата и идните делувања во овие преговори.

Климатските промени се забележуваат насекаде, а времето да се влијае на подобрувањето на состојбата дадено како предупредување од страна на научниците е во период од дванаесет години. „Поминавме 9 години и останаа последните 3 години кога можеме да влијаеме и да донесеме одлуки за иднината на планетата“, рече Мофат.

На тема „Енергија и климатски промени“, презентација имаше претставникот на МАНУ, Александар Дединец, а на тема „Одржливост на животната средина и климата“ државниот советник за климатски промени, Теодора Обрадовиќ - Грнчаровска.

Конференцијата се одржа на отворено, во просторот пред Ректоратот, за да се пренесе пораката на конференцијата за заштита на животната средина.

Google+