COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Околу 70 проценти од дипломираните студенти на УЈИЕ се вработени во првата година по дипломирањето

Дипломираните студенти на Универзитетот во Југоисточна Европа, според Центарот за кариера, продолжуваат да се атрактивни за пазарот на трудот во Северна Македонија и во регионов.

Вкупната стапка на вработеност на дипломираните студенти од УЈИЕ, според последниот извештај на Центарот за кариера е 69,84%, а стапката на невработеност е 30,16%. Од вкупниот број на вработени дипломирани студенти, 83,73% се вработени со полно работно време, 9,03% се самовработени (поседуваат сопствен бизнис), 4,81% се вработени со скратено работно време и 2,40% се практиканти.

Дипломираните студенти од Факултетот за современи науки и технологии имаат најголема стапка на вработување со 79,48%; Факултет за бизнис и економија со 63,29%, следен е Правниот факултет со 54,23%, Факултетот за јазици, култури и комуникација со 53,33% и Факултетот за современи општествени науки со 43,10%.

Во однос на периодот на вработување, податоците од извештајот покажуваат дека 33,13% од дипломираните студенти на УЈИЕ биле вработени пред дипломирањето; 25,90% во рок од 01-03 месеци; 9,03% во рок од 04-06 месеци по дипломирањето и 7,83% повеќе од една година по дипломирањето.

Податоците на Центарот за кариера докажуваат дека студентите се задоволни од студиите и условите за студирање на Универзитетот. Повеќето од дипломираните студенти кои продолжуваат со постдипломски студии го продолжуваат своето образование на УЈИЕ (85,60%) и од вкупниот број на дипломирани студенти кои учествуваат во истражувањето, 97,62% би им препорачале на другите студенти Универзитет на Југоисточна Европа.

Центарот за кариера на УЈИЕ собра податоци од вкупниот број дипломирани студенти во 2019 година, а истражувањето беше спроведено во периодот од 22.02.2021 до 15.03.2021 година.

Google+