COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Беше промовиран проектот „Иницијатива за младите во приватниот сектор“

На Универзитетот на Југоисточна Европа денеска (10.11.2021 год.) беше промовиран проектот „Иницијатива за млади во приватниот сектор“, кој го спроведува невладината организација „Моја кариера“. Проектот е поддржан од Европската банка за реконструкција и развој и претставници од канцеларијата на Тајван во Италија.

Генералниот секретар на УЈИЕ, д-р Џеваир Мемеди, говореше на тема: „Улогата и активностите на УЈИЕ во воспоставувањето врски меѓу Универзитетот и приватниот сектор“. Тој истакна дека Универзитетот од своето основање го потенцира активниот пристап за подготовка на соодветен кадар од различни области со солидни вештини во јазиците и компјутерските науки. Исто така, во таа насока, во 2005 година е основан Центарот за кариера, прв во државава, а пред една деценија е основан и Бизнис иновејшн сентр, кој овозможи уште подиректни врски со бизнис-заеедницата.

Презентација на проектот имаше и одговорниот Висар Адеми кој зборуваше за целите, задачите и активностите кои се очекуваат да се реализираат.

На настанот присуствуваа претставници од универзитетите и од приватниот сектор.

Google+