Универзитетот на Југоисточна Европа и Народниот правобранител ќе соработуваат на полето на обука и подготовка на заеднички истражувачки проекти, обезбедувајќи взаемна поддршка. Експерти од УЈИЕ ќе обезбедат обука за професионален развој на вработените во институцијата Народен правобранител.
Потпишувањето на овој меморандум им овозможува на студентите на Правниот факултет да реализираат практична настава во институцијата Народен правобранител.