Во УЈИЕ остварија средба со проректорот за истражување и меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи и генералниот секретар, д-р Џеваир Мемеди.
Целта на посетата беше членовите на сирискиот уставен комитет да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа во земјата, функционирањето или нефункционирањето на децентрализацијата, заштитата и условите на заедниците, како и начинот на градење на инклузивна држава.