Темата на конференцијата беше „Практичен одговор на дебатите за следење и евалуација на имплементацијата на универзитетските стратегии“. Ректорот Беџети презентираше на сесијата на тема: „Дизајн и одобрување на стратегиите на Универзитетот, како и инструменти за следење на нивното исполнување и реализација“.
„Специфичните и уникатни искуства на УЈИЕ беа несомнено доста привлечни и за регионалните универзитети. Од сите презентации на другите европски универзитети, УЈИЕ речиси и не се издвојува по стратешкиот, по институционалниот и по функционалниот развој“, вели ректорот Беџети, кој беше панелист и презентер на оваа конференција.
Целта на Конференцијата беше стратешки развој на високообразовните институции во Косово, додека УЈИЕ беше избран како единствен универзитет од Северна Македонија кој ги сподели своите искуства и неговиот организациски и функционален модел. На оваа конференција учествуваа универзитети од Австрија,од Холандија и од други земји.
Конференцијата беше организирана од HERAS (High Education and Research Applicative Science +) и финансирана од Австриската агенција за развој.