COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Претставници на Северозападен државен универзитет на Мисури го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа

Претставници на Државниот универзитет на Северозападниот дел на Мисури (Северозападен државен универзитет на Мисури), од САД, денес (14.11.2022 год.) го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа и остварија средба со ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Делегацијата ја сочинуваа Томас Мерлот, директор и Ерика Лис, помошник-директор на Центарот за меѓународна соработка на Универзитетот во Северозападен Мисури, а придружувани од Рајан Милер, економски службеник во Амбасадата на САД во Скопје.

На средбата со ректорот Беџети беа разменети искуства и беа разгледани можностите за билатерална институционална соработка во повеќе сфери од заеднички интерес, особено можноста за размена на студенти меѓу двата универзитети.

Северозападен државен универзитет на Мисури се наоѓа во Марвил, Мисури и е основан во 1905 година.

Google+