Договорот го потпиша ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и ректорот на АУ, проф. д-р Павло Конго.
Двата универзитета се согласија да развијат активности во академски области од заеднички интерес за размена на академски и на административен кадар, размена на студенти, заеднички активности и публикации на научни истражувања, одржување заеднички семинари, учество на семинари, конференции, настани и академски состаноци, размена на академски материјали како и понуда на посебни краткорочни академски програми.