COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Информација за јавноста

Универзитетот на Југоисточна Европа е независна приватно-јавна непрофитна институција со посебен статус предвиден со Законот за високото образование на Република Северна Македонија.

Во врска со некои ставови изнесени деновиве за издавање сертификати/уверенија, Универзитетот на Југоисточна Европа ја информира пошироката јавност дека секое дејствие е направено во согласност со тогашната легислатива. Така, до стапувањето во сила на Уредбата за Националната рамка на високообразовните квалификации во Република Македонија, за првиот циклус (додипломски) студии се издаваа уверенија кои важеа сè до издавањето на дипломата за степенот на квалификации во сила - VII/1. Сево ова е направено во отсуство на регулаторен акт, но секогаш во насока на поддршка на тековниот систем на квалификации.

За јавното мислење е важно да се нагласи дека во секој период од функционирањето на Универзитетот на студентите им се издаваат дипломи согласно со Законот за високото образование и согласно со настанатите измени и дополнувања на Законот.

Информациите со негативна конотација последниве денови како такви се неосновани, бидејќи Универзитетот не е дел од ниту една шема на злоупотреба или на незаконско постапување.

Универзитетот на Југоисточна Европа е првиот во Република Македонија кој започна со имплементација на Болоњскиот систем за трансфер на кредити согласно со препораките на Европската унија и како таков е прифатен од сите државни институции. Спроведувањето на овој систем честопати доведуваше до непризнавање, па дури и до одбивање од некои други институции, а во врска со времетраењето на студиите.

И покрај сè, УЈИЕ останува универзитет посветен на спроведување на законот, следејќи го квалитетот на наставата во согласност со сертифицираните меѓународни стандарди, вклучително и ЕУА.

Google+