Во организација на Факултетот за современи науки и технологии денес (24.02.2022 год.) беше отворена петтата по ред изложба на која преку индивидуални трудови студентите го презентираа постигнатиот напредок по сите предмети за еден семестар. Изложбата ја отвори проректорот за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Адриан Бесими, кој истакна дека е горд на работата што ја работат студентите, кои покажале значителен професионален развој.
На изложбата со свои дела учествуваа 164 студенти од прва, од втора и од трета година.