Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Започна неделата за вмрежување на проекти и интернационализација на УЈИЕ

„Градење отпорно и добро информирано општество“ беше темата на промотивниот настан што се одржа денес (24.04.2023 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа, со кој започна Неделата за вмрежување на проекти и интернационализација на УЈИЕ во организација на Институтот „Макс ван дер Штул“ (ИМВДШ) кој ќе трае до петок (28.04.2023 год.).

Во воведното излагање, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети ја истакна важноста на вмрежувањето кое има многу придобивки и е од корист за студентите и за академскиот кадар во однос на размена на искуства и експертиза.

„Тековно се реализираат 25 научни проекти во ИМВДШ, каде што е вклучен значителен број на академски и административен кадар. Во овие рамки, многу позитивни резултати се постигнати и во програмата Еразмус плус, каде само минатата година 45 студенти го искористија правото на мобилност на познати европски универзитети“ рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. Проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Неделата за вмрежување на проекти и интернационализација се организира за прв пат но се планира овој настан да стане традиција истакна директорот на Институтот „Макс ван дер Штул“ -Вели Креци.

Промотивниот настан на проектот Fakespotting има за цел да развие иновативни алатки за дигитално образование за борба против дезинформациите.

„Овие алатки ќе се имплементираат во областа на високото образование и образованието за возрасни. Проектот, исто така, се однесува на неусогласеноста меѓу пазарот на трудот и дигиталните вештини и се обучуваат студенти и возрасни кои имаат малку вештини“, рече координаторката на проектот за УЈИЕ - Албулена Халили.

Крајната цел е да се поддржи демократското учество и да се подобри информираноста, медиумската и дигиталната едукација на граѓаните на Европската унија во борбата против феноменот на дезинформации. Во овој конзорциум предводен од Универзитетот во Болоња, УЈИЕ е претставник на Северна Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ.

Институтот „Макс ван дер Штул“ е дел од повеќе од дваесет меѓународни проекти, од дваесет и осум земји и во соработка со повеќе од педесет европски и светски универзитети, како и со над дваесет и пет невладини организации и старт-ап.

Во текот на оваа недела, ИМВДШ ќе ги пречека учесниците на настани поврзани со три различни меѓународни проекти кофинансирани од Програмата Еразмус+ на Европската унија: „Fakespotting“, „UnInLeco“ и „MUST“. Истовремено, УЈИЕ ќе биде домаќин на Неделата за обука за Еразмус, која ќе понуди вредни можности за обука за оние кои се заинтересирани за интернационализација и мобилност.

Google+