Бизнис планот „ 3д креатив дизајн (3D Creative Design)“ изработен од тимот на Гостиварската гимназија и „Лејлас џим (Lejla's Gym)“ од гимназија од Сарај, беа победници на првото место на Конкурсот за најдобар бизнис план, додека тимот ученици од Економското училиште „8 Септември“, од Тетово со планот „Ад пауер (Аd Power)“ и тимот ученици од Гимназијата „Ибрахим Темо“, од Струга со планот насловен „Работи за благосостојба на животните (Animal Welfare Works)“ беа добитници на второто место, додека третопласирани се средно медицинско училиште „Никола Штејн„ од Тетово со планот „ФланАн (FlanAn)“ и средношколската екипа „Нико Нестор“ со планот „Луксузно злато (Luxury Gold)“ од Струга.
„Сакам да ве охрабрам да учествувате во овие натпреварувачки системи бидејќи не е толку важно кој ќе победи, туку важно е дека во овие натпревари се развива натпреварувачкиот дух и се раѓаат мрежи меѓу самите учесници“, рече во своето отворање ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.
Деканот на Факултетот за бизнис и економија во своето излагање им се заблагодари на студентите и нивните наставници за нивното учество и истакна дека „денес нашата улога е да ве инспирираме да ја направите најдобрата презентација и најиновативната идеја“.
За активностите на ГИЗ, зборуваше Евзи Хани, додека Блерина Зендели ги презентираше активностите на Бизнис и иновејшен центар.
Како дел од активностите на Летниот камп, студентите имаа можност да го посетат Технолошкиот парк и да се сретнат со бизнис лидери и студенти вработени во овие бизниси.
