Работилницата се одржува во рамките на подготовките за Националната стратегија за развој, чија цел е дефинирање критериуми за приоритизација на стратешките области, кои потоа заедно ќе се оценуваат користејќи ги тие критериуми за приоретизирање.
На овој настан обраќања имаа Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања, Фатмир Бесими, министер за финансии, Н.Е. Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство, Н.Е. Хенрик Маркус, амбасадор на Република Словачка и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Северна Македонија.
