Ова истражување има за цел да ги испита околностите, економските циклуси и економскиот потенцијал на Република Македонија, секогаш опфаќајќи ги во себе и компаративните аспекти со другите земји во регионов и пошироко, со еден методолошки приод од општа кон посебна насока и со оптимизација на одлучувачки модел во фискалните политики, осврнувајќи се на нивото на економскиот потенцијал на РМ.Публикацијата на проф. Беџети е од особено значење и за влијанието на истражувањата врз одликите на владата во пресрет на антикризните пакети - четврти по ред. Осврнувајќи се на постигнатите ефекти, односно неуспесите од претходните антикризни мерки, преку една емпириска и теоретско - научна анализа на одлучувачките институции им се сугерира во следните економски политики одлуките да ги базираат врз научни истражувања и анализи, а не на нерационални и спонтани очекувања.
Токму тука е и фундаменталната улога и функција на истражувањата во овие области, за кои и ЈИЕУ има конкретно влијание во општеството.