Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ донираше над 250 компјутери на средните и на основните училишта

Во рамките на мисијата за општествена одговорност и придонес, Универзитетот на Југоисточна Европа годинава донираше околу 250 компјутери главно на средните училишта, но и на основните училишта и на некои невладини организации кои работат со лицата со посебни потреби.

Компјутерите донирани од УЈИЕ веќе се дел од лабораториите на Средното медицинско училиште во Тетово, Гимназијата во Тетово, Гимназијата во Гостивар, Гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје, Гимназијата во Сарај, Средното економско училиште „Арсени Јовков“, исто така во Скопје. Компјутери се донирани и за некои основни училишта во регионот на Скопје, Тетово, Гостивар.

Ова се само дел од училиштата на кои им се донирани компјутери од обемната листа која опфаќа поширок регион на училишта во Северна Македонија.

Друга категорија, на која УЈИЕ посветува посебно внимание се лицата со посебни потреби, а досега им се донирани компјутери на здруженијата Blue Puzzle и Handimak кои поднесоа барање.

Свесен за мисијата, но и за општествената одговорност, Универзитетот на Југоисточна Европа не е само модел за настава во регионов, туку и истакната институција, која се грижи за пошироката заедница преку конкретен придонес преку донации или други форми на институционална поддршка, особено на образовната заедница.

Google+