Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Економско-финансиски форум во Скопје: Почетокот на преговорите со ЕУ е неопходен за економијата

Со главна тема „Европската интеграција и економскиот просперитет“ - („Европа - да, Европа - сега“), денес (15.09.2023 год.) во Скопје се одржа Економско-финансискиот форум во Скопје.

Со панелот на тема: „Глобалните трендови и деловните можности“, претседаваше ректорот на УЈИЕ -- акад. д-р Абдулменаф Беџети.

Во својот говор, во оваа прилика, ректорот Беџети истакна дека во услови кога економијата на земјата покажува бавни развојни трендови, најдобар импулс за економско закрепнување би било што поскоро интегрирање во ЕУ.

„Затоа, нема поважна одлука од почетокот на преговарачкиот процес со ЕУ, која би имала големо и психичко влијание врз очекувањата, а како што е познато, економијата секогаш реагира според очекувањата. Само еден дополнителен показател зошто Европа денес, бидејќи пристапот до фондовите на ЕУ е 20 пати поголем отколку да се биде земја кандидат.“, нагласи ректорот Беџети.

Конференцијата ја отворија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими, а главниот говор го одржа Јоханес Хан, еврокомесар за буџет и администрација во Европската унија.

На годишната конференција присуствуваа претставници од најрелевантните меѓународни институции, граѓанското општество, академици, експерти, претставници на бизнис-заедницата и други засегнати страни, кои можат да делуваат во подобрување на политичкиот дијалог поврзан со економски и финансиски теми од национален и регионален интерес.

Google+