Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Информација за јавност

Информација за јавност

Универзитетот на Југоисточна Европа ја информира јавноста дека денес (27.09.2023 год.), околу 10:00 часот, во просториите на студентскиот дом од засега непознати причини дошло до тепачка помеѓу 2-3 меѓународни студенти. При тепачката, случајно, еден од учесниците бил повреден и веднаш бил препратен во болница.

Во врска со случајот известени се надлежните органи кои работат на расветлување на истиот.

Универзитетот со посебно внимание ја следи состојбата на повредениот студент на кого му посакува брзо закрепнување.

Универзитетот им се заблагодарува на институциите, особено на здравствените установи за навремената реакција и делување.

Google+