Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ потпиша меморандум за соработка за иницијативата на Thunderbird - Школа за глобален менаџмент

Во рамките на заедничкото партнерство и обезбедување дополнителни можности за студентите, Универзитетот на Југоисточна Европа потпиша Меморандум за соработка со Колеџот Универзум за промоција на „Глобалната иницијатива 100 милиони студенти“ на Thunderbird - Школа за глобален менаџмент, во рамките на Државниот универзитетот од Аризона, САД.

„Глобалната иницијатива за 100 милиони студенти“ им овозможува на студентите од УЈИЕ и на другите партнери во оваа иницијатива, образование со светски квалитет на 40 различни јазици без трошоци. Исто така, напредните студенти ќе имаат можност да аплицираат за можна стипендија за завршување на магистерските студии на Thunderbird.

Меморандумот беше потпишан во средата (27.09.2023 година) во Приштина заедно со други универзитети од регионов.

Школата за глобален менаџмент Thunderbird е најпрепознатливото училиште во светот за онлајн настава, додека Државниот универзитет во Аризона е рангиран како најдобар универзитет во САД за иновации.

Школата за глобален менаџмент Thunderbird има за цел да обезбеди бесплатно онлајн образование за 140.000 студенти низ целиот регион на Балканот, на албански и на англиски јазик.

Google+