Уредници на Зборникот на трудови се познатите професори по економија: акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, проф. д-р Хирије Абази - Халили, проф. д-р Лео-Пол Дана, проф. д-р Веланд Рамадани и проф. д-р Андреа Капуто.
Оваа тема е избрана по внимателно разгледување за да го одрази фактот дека има суштински промени и во карактерот и во динамиката на економскиот развој кај земјите во транзиција надвор од ЕУ, од пандемијата, војната во Украина, енергетската криза до инфлаторната криза.
Темата на конференцијата беше „Економско закрепнување, консолидација и одржлив раст: од криза до криза, дискусии и перспективи“, што се одржа на 12. мај 2023 година, во УЈИЕ во Тетово, во организација на Факултетот за бизнис и економија на која учествуваа 182 автори од 25 земји.
Зборник на трудови - Springer Link
