Со своето присуство овој настан го збогатија претставници на Амбасадата на Албанија, претставници на Претседателството на Северна Македонија, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, научни и интелектуални истражувачи.
На овој настан пригоден говор одржа ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој го опиша претседателот Вилсон како застапник на универзалните вредности.
„Претседателот Вилсон, земајќи го предвид тешкото политичко време, ги изгради темелите на меѓународниот систем на вредности, потпирајќи ја својата мисија на принципите на мир, демократија и самоопределување, од кои Албанците добија заштита на границите на нивната територија.“, рече меѓу другото ректорот.