Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, им препорача на професорите од средните училишта да ги охрабрат своите ученици да бидат во чекор со новитетите во економијата и истакна дека големите решенија секогаш лежат во едноставните идеи.
„Затоа, поттикнете ги студентите да се натпреваруваат со најиновативни теми, особено во однос реструктурирањето на економиите, кои се случуваат се побрзо.“, рече ректорот Беџети.
„Ова е трета година како се организираат натпреварите и целта на оваа обука е да се согледаат динамиката и трендовите за да имаме најуспешни натпревари“, рече деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази Алили.
Обуката се одвиваше во сесии, на кои беа презентирани студии на случај и модели на успешни бизнис-планови.
