Групата студенти кои го застапуваа Правниот факултет на овој натпревар беа: Мери Марковиќ - судија, Гентијана Река - обвинител, Мартина Ристоска - адвокат, Денис Рушири - обвинет, Лиридона Узаири, Петар Петрески, Миран Ферати и Рилинд Рамадани – сведоци, менторирани од професорките Блерта Ахмеди и Арта Меро.
Правниот факултет на УЈИЕ неколку години по ред учествува на овие државни натпревари во конкуренција со други правни факултети од универзитетите „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, Државниот универзитет во Тетово.
Натпреварите беа организирани од ИДЛО, Амбасадата на САД во РСМ и правните клиники на присутните правни факултети.
