Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа традиционалната манифестација „Отворен ден“.

Во пријатна атмосфера, денес (10.05.2024 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во присуство на матуранти од Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево, Струга и од Сарај, се одржа традиционалната манифестација „Отворен ден“. Студентското собрание и асоцијација придонесоа во организацијата на овој настан.

За време на овој настан, матурантите, кои беа во голем број, имаа можност директно да слушнат за понудата, условите за студирање, стипендиите и за новите студиски програми на презентациите кои ги организираа факултетите на УЈИЕ.

Натпреварот за најдобар бизнис-план беше еден од највозбудливите моменти, каде матурантите ги покажаа своите вештини за подготовка на вистински бизнис-план.

„УЈИЕ останува посветен тријазичен универзитет со стабилна студентска доминација и структура, стабилна мултиетничка структура, каде што 70% студираат на албански јазик, 20% на англиски јазик и 10% на македонски јазик, со зголемена тенденција за студирање на англиски јазик“, нагласи ректорот проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Тој го нагласи и фактот дека покрај новите студиски програми, УЈИЕ новата академска година ќе ја започне со седмиот факултет, Факултетот за технички науки, додека Студентското собрание беше доста активно во објаснувањето на понудата на студии, бидејќи тие најдобро комуницираат и го знаат јазикот на новите генерации.

За забавата на студентите се погрижи групата „Лабинот и Лулеса бенд“, за спортските активности се погрижи Одделот за спорт, а слободното цртање и сликање беа организирани од Студентското собрание и асоцијација во соработка со Библиотеката „Макс ван дер Штул“.

Google+