За време на оваа презентација, г. Газменд Иљази од Канцеларијата за односи со јавноста при Амбасадата на САД во Скопје ги информираше студентите за можностите што им се нудат да студираат или да се усовршуваат на американските универзитети преку различни програми, како што се: Фулбрајт, СУСИ или Глобал УГРАД.
Учесниците беа заинтересирани за некои од програмите за размена и побараа повеќе детали за аплицирањето, времетраењето и за роковите.
