Целта на Меморандумот е развој на соработката меѓу двете високообразовни институции во размена на студенти, унапредување на истражувачката соработка и посети на научни истражувачи. Исто така, предвидено е и организирање на студентски посети, работилници и летни школи.
Претставниците на Универзитетот ИБН Халдун престојуваа во УЈИЕ, како дел од академската турнеја во балканскиот регион на тема „Напредокот на општествените науки во ерата на одржливост и дигитализација“.
