„Трансформацијата на општеството е многу широк, сложен и повеќедимензионален концепт. Доброто владеење бара систематска и сеопфатна посветеност на сите, почнувајќи од креаторите на политиките, приватниот сектор, граѓанското општество, медиумите, академската заедница и вклучувањето на новите генерации, бидејќи тоа е суштината на оваа трансформација“, рече меѓу другото во своето обраќање ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети,.
Настанот го најави и модерираше Фортеса Асани, истражувач во Институтот Макс ван дер Штул и предавач на Факултетот за современи општествени науки.
Во своето воведно излагање, деканката на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Мерита Зулфиу Алили, на матурантите и останатите присутни ја презентираше понудата на студиските програми од факултетот.
Настанот се реализираше во два панели, првата сесија беше на тема: „Добро владеење за подобар животен стандард“, а втората сесија на тема: „Улогата и гласот на младите во креирањето општествени промени“.
Најважниот настан од оваа активност беше Хакатонот за општествени промени, на тема: „Иновации предводени од младите: Истражување на креативни решенија за справување со локалните предизвици“. На натпреварот кој се одржа меѓу младите, беа доделени првите три места за најиновативни идеи за најдобро решение за локалните проблеми. Првото место го освои гимназијата „Зеф Луш Марку“, второто медицинското училиште „Никола Штејн“ – Тетово и третото Медицинското училиште „Панче Караѓозов“ – Скопје.
